Барселона
Барселона е многу елегантен град, познат по својата импресивна историја, култура, споменици, фантастична архитектура, музеи, галерии и интересни луѓе. Во нашата Патувачка библиотека на занимливости и интересни факти Ви го преставуваме дефинитивно најубавиот град на Медитеранот, Има многу што може да се каже за Барселона, а ние Ви издвојуваме дел од најинтересните занимливости:
1. Денот на Сант Јорди е денот на каталонскиот Валентин
Денот на Свети Ѓорѓи, познат на шпански јазик како Диа де Сант Јорди, е национален каталонски празник. Исто така се нарекува Ден на розата, што на шпански јазик е ел Диа де ла Роса, поради количината на рози што може да се најде низ целиот град. Ова значи дека Сант Јорди е повеќе или помалку верзија на Барселона за Денот на вљубените. Покрај тоа, овој ден е и Ден на книгата, на шпански јазик, Диа дел Либро, што е меѓународен празник што многу се слави во Шпанија и во Барселона. Приказната за Сант Јорди раскажува дека тој го убил змејот од Монтбланк пред да ја изеде убавата принцеза. Поради овој романтичен чин, Денот на Сант Јорди се слави како романтична пригода. Традицијата е да се разменуваат подароци помеѓу мили, сакани и пријатели. Мажот дава роза на жена во знак на љубов, а жените книга, како знак за вечна љубов за возврат. Така, на некој начин, Барселона го интегрира Денот на книгата во нивниот Ден на вљубените.
2. Плажите во Барселонета се вештачки
Барселона немала плажи се до 1992 година. Морето на Барселона било полно со локални индустрии сè додека не било одлучено градот да биде домаќин на Олимписките игри. Благодарение на ова, сега може да се најдат неколку плажи. Плажите во Барселона се наведени како број еден од првите десет градови на море во светот, според National Geographic и Discovery Channel. Барселона има седум плажи со крајбрежје од 4,5 км. Околу оваа област, има најголеми барови, ресторани и хотели. Во овој град, јули и август се најтоплите месеци со температури од 25 до 31 °. Со својата медитеранска клима на благи, влажни зими и топли и суви лета, Барселона е идеално место за одмор.
3. Фамилија Саграда се гради подолго ог големата пирамида во Гиза.
За изградбата на големата пирамида во Гиза во Египет им биле потребни само 20 години зи тоа со антички алатки, а досега за градбата на Ла Саграда Фамилија се потрошени околу 200 години притоа користејќи модерна технологија. Главната карактеристика на оваа зграда е нејзината висина, што е еднаква на 984 метри. Сепак, Гауди верувал дека највисоката точка во градот треба да биде природна градба направена од Бога, со ова тој мислел на планината Монтјуик, што е над 984 стапки надморска височина.
4. Музејот на ФК Барселона е најпосетуваниот музеј на Барселона
ФК Барселона, позната и како Барса, е најпознат спортски клуб во Барселона. Секоја година, Фудбалскиот клуб Барселона привлекува многу љубители на фудбалот ширум светот. Во 2011 година, музејот на ФК Барселона на Камп Ноу беше најпосетуваниот музеј во Барселона и трет најпосетуван музеј во цела Шпанија, со 1.629.990 посетители. Основана е во 1899 година од група швајцарски, британски, шпански и каталонски фудбалери предводени од Хуан Гампер. Во 2009 година, ФК Барселона воспостави уникатно достигнување, станувајќи единствениот европски клуб што победил на секој можен голем турнир за една година. Денес ФК Барселона е втор најбогат фудбалски клуб во светот според приходите, со проценет годишен обрт од 613 милиони долари и трет највреден, со проценета вредност од 2,6 милијарди долари. Домашниот стадион на клубот, „Камп Ноу“, е најголемиот стадион во Европа со капацитет за 100.000 луѓе.
5. Барселона е постара од Рим
Тоа е точно! Совршената локација на Барселона на Медитеранот ја прави идеално место за доселениците. Иако точните датуми на најраните населби остануваат нејасни, има урнатини кои се пронајдени датираат порано од 5000 п.н.е. Постојат две различни легенди околу тоа како е основана Барселона. Првиот е дека митолошкиот Херкул го основал градот; втората е дека Хамилкар Барса, татко на Ханибал, историски генерал, го именувал градот Барчино според неговото семејство во 3 век п.н.е.