Будимпешта – Парндорф – Братислава
Агенда:
1. Ден. Скопје - Будимпешта
Состанок на групата во договореното време и заминување за Будимпешта. Патот води преку Р.Србија. Ноќно возење со попатни паузи.
2. Ден. Будимпешта
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови и разглед на градот со локален водич: Плоштадот на Хероите, Парламентот, улиците Андраши и Ракочи, катедралата Св.Стефан, мостовите на Дунав, Кралската палата, Цитаделата, Рибарската тврдина. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Попладне организирана прошетка по улицата Ваци која завршува со познатата слаткарницата Жербо. Можност за факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови со можност за единствен поглед од вода на најимпозантните објекти во Будим и Пешта пропратено со прекрасните звуци на виенски валцер,чаша шампањ и објаснување на локален водич. Враќање во хотел. Ноќевање.
3. Ден. Будимпешта – Парндорф – Братислава
Појадок. По појадокот можност за целодневен факултативен излет до Братислава со попатна посета на шопинг центарот Парндорф. Пристигнување во Пандорф. Слободно време за шопинг. Заминување за Братислава. Разглед на градот со локален туристички водич: средовековниот плоштад со Роландовата Фонтана, Михалската порта, Градското собрание, катедралата Св.Мартин, Словачкиот народен театар, барокната палата каде Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Паули во која Франц Лист го одржал својот прв концерт. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови враќање во Будимпешта. Вечерта можност за факултативна посета на Чарда – национален ресторан со богата уметничка програма и мени од унгарската национална кујна. Враќање во хотел. Ноќевање.
4. Ден. Будимпешта – Скопје
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и посета на шопинг центарот Арена Плаза. Слободно време за шопинг. Околу пладне заминување за Македонија. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.
Дополнителни информации:
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
- Превоз со модерен туристички автобус
- 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Будимпешта
- Разглед на Будимпешта со локален водич
- Организација и реализација на аранжманот
Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:
- Посета на национален ресторан Чарда
- крстарење по Дунав со локален водич
- Целодневен излет до Парндорф и Братислава со локален водич
- Патничко и здравствено осигурување
- Влезници за културно – историските споменици и локалитети