Агенда:
1. Ден. Скопје – Прага
Состанок на групата во договореното време и поаѓање за Прага. Патот води преку Р.Србија и Р.Унгарија. Ноќно возење со попатни паузи.
2. Ден. Прага
Пристигнување во Прага во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време. Во попладневните часови, организиран трансфер до центарот на градот со метро/трамвај/автобус и организирана прошетка низ еврејската четврт – Јосефов, која преставува и најстара еврејска населба во Европа (13ти век) со 6 синагоги, музеи и споменици. Враќање во хотел со метро/трамвај/автобус. Вечерта можност за факултативно крстарење со брод по Влтава. Ноќевање.
3. Ден. Прага
Појадок. По појадокот следува разглед на Стариот град со локален туристички водич: Карловиот мост, споменикот на Карло четврти, Кралскиот пат, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, црквата Лорето, Градската куќа, Прашката кула, Националниот музеј, дворецот Храдчани. Слободно време за индивидуални активности и можност за шопинг во трговскиот центар Quadrio. Враќање во хотел. Вечерта можност за факултативна посета на традиционален чешки ресторан со богата фолклорна програма и специјалитети од чешката кујна. Враќање во хотел. Ноќевање.
4. Ден. Прага – Карлови Вари – Кривоклат –Прага
Појадок. По појадокот можност за целодневен факултативен излет до Карлови Вари, најголемиот и најпознат бански центар во Р.Чешка и елитно одморалиште на европската аристократија во 19-от век. Разглед на бањите со локален туристички водич, посета на еден од 12-те извори на термална вода, прошетка покрај нео-ренесансните колонади и паркови. Можност за шопинг на локалните производи од порцелан, стакло и ликерот Беќеровка. Поаѓање за Кривоклат , посета на тврдината-дворец, изграден во 12-от век од страна на кралевите на Бохемијата со вклучена влезница. Поаѓање за Прага со попатна пауза во фабричката продавница на пиварата Крушовице. Ноќевање.
5 Ден. Прага- Братислава-Скопје
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и заминување за Скопје со попатна посета на Братислава. Пристигнување во Братислава околу пладне и разглед на градот со локален туристички водич: Михалската порта, Катедралата Св.Мартин, Градското собрание, Националниот театар, главниот плоштад со Роландовата фонтата. Слободно време за индивидуални активности. Во попладневните часови заминување за Скопје.
6. Ден.Скопје
Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.
Дополнителни информации:
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
- Превоз со модерен високо туристички автобус ;
- 3 ноќевања со појадок во хотел 3*/4* во Прага ;
- Организиран трансфер со метро на релација хотел – центар на град – хотел
- Организирана прошетка низ Еврејскиот кварт ;
- Разглед на Прага со локален туристички водич;
- Разглед на Братислава со локален туристички водич;
- Туристички пратител за цело времетраење на аранжманот;
- Организација и реализација на аранжманот.
Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:
- Крстарење со брод по Влтава;
- Целодневен излет до Карлови Вари и посета на дворецот Кривоклат со вклучена влезница;
- Посета на традиционален чешки ресторан;
- Патничко и здравствено осигурување;
- Влезници за културно – историските споменици и локалитети.