Агенда:
1. Ден. Скопје - Солун - Паралија
Состанок на групата во договореното време и поаѓање за Солун. Патот води преку граничниот премин Богородица. Пристигнување во Солун во утринските часови и разглед на градот: црквта Св.Димитрија, улиците Цимитски и Виa Игнација, Ротонда, Римскиот форум, Археолошкиот и Византискиот Музеј, Белата Кула. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг во центарот на градот и посета на некој од големите шопинг центри ( COSMOS, IKEA ). Доцна попладне заминување за Паралија. Сместување во хотел. Ноќевање.
2. Ден. Паралија - Метеори - Паралија
Појадок. По појадокот следи целодневен факултативен излет до Метеори – манастирска населба изградена на високи карпи во 11-от век. Поссета на мастиирот Голема Метеора – Христово преображение, кој заедно со останатите манастири на локалитетот е под заштита на УНЕСКО. Можност за посета на фабрика за рачна изработка на икони. Попатна посета на клисурата Темби каде што се наоѓа црквата Св.Петка која е изградена во карпа. Враќање во хотел во доцните попладневни часови. Ноќевање.
3. Ден Паралија - Вергина - Дион - Паралија
- Појадок. По појадокот заминување за целодневен факултативен излет до Вергина и Дион. Пристигнување во Вергина – првата престолнина на античките Македонци и посета на гробницата – музеј на Филип Втори, еден од најфасцинантните музеи на Балканскиот полуостров. Заминување за Дион – античко светилиште посветено на богот на молњата Зевс. Посета на археолошкиот парк и музеј во Дион. Во попладневните часови враќање во Паралија. Вечерта можност за факултативна посета на таверна – национален ресторан со богата уметничка програма на грчки песни и танци и мени од грчката кујна. Ноќевање.
4. Ден. Паралија - Воден - Скопје
Појадок. По појадокот заминување за Скопје со попатна посета Воден. Пристигнување во Воден околу пладне и посета на водопадите. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Заминување за Македонија со пауза на freeshop. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Дополнителни информации:
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
- Превоз со модерен туристички автобус
- 3 ноќевања со појадок во хотел во Паралија
- Разглед на Солун
- Посета на Воден
- Организација и реализација на аранжманот
Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:
- Целодневен факултативен излет до Метеорите
- Целодневен факултативен излет до Вергина и Дион со вклучени влезници
- Посета на таверна – национален ресторан
- Патничко и здравствено осигурување
- Влезници за културно – историските споменици и локалитети