Провинција Венето – Италија

Трст - Венеција - Верона - Падова

Агенда:

1. Ден. Скопје - Лидо Ди Јесоло

Состанок на групата во договореното време и заминување за Венециј. Патот води преку Р.Србија, Р.Хрватска и Р.Словенија. Ноќно возење со попатни паузи.

2. Ден. Трст - Палма Нова - Лидо Ди Јесоло

Пристигнување во Трст во утринските часови и организирана прошетка низ градот: плоштадот Пиаза дел Унита – опкружен со прекрасни згради како Општината и Министерството за правда, изграден во австриски стил и единствениот што излегува на море, Каналот Гранде во близина на плоштадот на кој се наоѓа статуата во чест на Џејмс Џојс. Патот продолжува кон Лидо Ди Јесоло со попатна посета на аутлетот Палма Нова. Пристигнување во Лидо Ди Јесоло во попладневните часови. Сместуваање во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.

3. Ден. Лидо Ди Јесоло - Падова - Верона - Лидо Ди Јесоло

Појадок. По појадокот следи целодневен факултативен излет до Падова и Верона. Пристигнување во Падова во предпладневните часови и разглед на градот со локален водич: плоштадот Прато дела Вале – најголем плоштад во Европа со површина од 90 илјади квадратни метри, Ботаничката градина која е под заштита на УНЕСКО, капелата Арена, базиликата на Св.Антонио. Патот продолжува за Верона – градот на Ромео и Јулија. Пристигнување во Верона околу пладне и разглед на градот со локален водич: Римската Арена, плоштадите Бра и Ебре, куќата на Јулија, плоштадот Сињори… Слободно време за индивидуални активности. Враќање во Лидо Ди Јесоло во вечерните часови. Ноќевање.

4. Ден. Лидо Ди Јесоло - Венеција - Скопје

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и заминување за Венеција преку Пунта Сабиони со брод. Пристигнување во предпладневните часови и разглед на градот со локален водич: Дуждевата палата, плоштадот и катедралата Св.Марко, Мостот на воздишките, Мостот Риалто, каналот Гранде… Слободно време за индивидуални активности. Во попладневните часови заминување за Македонија. Ноќно возење со попатни одмори.

5. Ден.

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

Дополнителни информации:

Во цената на аранжманот се пресметани следните услуги:

  • Превоз со модерен туристички автобус
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3*/4* во Лидо Ди Јесоло
  • Разглед на Венеција со локален водич
  • Посета и организирана прошетка низ Трст
  • Организација и реализација на аранжманот

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Целодневен излет до Падова и Верона со водич
  • Карта за брод на релација Пунта Сабиони – Венеција – Пунта Сабиони
  • Патничко и здравствено осигурување
  • Влезници за културно – историските споменици и локалитети

Контактирај нé