Агенда:
1. Ден Скопје - Љубљана
Состанок на групата во договореното време и заминување за Љубљана. Патот води преку граничен премин Табановце. Ноќно патување преку Р.Србија и Р.Хрватска со попатни одмори.
2. Ден Љубљана
Пристигнување во Љубљана и разглед на градот со локален туристички водич: Змејскиот мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Споменикот на Франц Прешерн – најпознатиот словенечки писател, Фрањевачката црква, Робовата фонтана… Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови сместување во хотел. Ноќевање.
3. Ден Љубљана – Постојна Јама – Копер
Појадок. По појадокот заминување на факултативен целодневет излет до Копер со попатна посета на Постојната Јама. Пристигнување во Постојна Јама и разглед на пештерскиот систем – најголем на Балканскиот полуостров, со локален водич. Околу пладне патот продолжува кон Копер – пристанишен град на Словенечкото приморје. Организирана прошетка низ стариот град со можност да се видат Титовиот плоштад, фонтаната Де Понте – своевидна реплика на познатиот Риалто мост во Венеција, Праеторианската Палата… Слободно време за идивидуални прошетки и уживање во Коперскиот залив. Враќање во Љубљана во доцните попладневни часови. Вечерта можност за посета на национален ресторан со богато мени и музика. Ноќевање.
4. Ден. Љубљана – Клагенфурт
Појадок. По појадокот заминување на факултативна целодневна посета со локален туристички водич на Клагенфурт, некогашно седиште на една од најголемите европски монархии, еден од градовите кој грижливо негува се што историјата оставила во наследство. По разгледот организирана посета на некој од големите шопинг центри (SUDPARK) во Клагенфурт. Враќање во Љубљана. Ноќевање.
5. Ден. Љубљана – Блед – Скопје
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и заминување за Скопје со ГРАТИС посета на Блед и неговото прекрасно глечерско езеро. Организирана прошетка по кејот на езерото со можност за слободно време да се вкусат уникатните и превкусни кремпити. Околу пладне заминување за Р.Македонија со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.
Дополнителни информации:
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
- Превоз со модерен туристички автобус
- 3 ноќевања со појадок во хотел 3*/4* во Љубљана
- Разглед на Љубљана со локален водич
- ГРАТИС посета на Блед
- Организација и реализација на аранжманот
Во ценатаа на аранжманот не се вклучени следните услуги:
- Посета на национален ресторан во Љубљана
- Факултативен излет до Копер со посета на Постојна Јама со вклучена влезница
- Факултативен излет до Клагенфурт со локален водич
- Патничко и здравствено осигуруваање
- Влезници за културно – историските споменици и локалитети