Белград – Сремски Карловци – Нови Сад

Агенда:

1 Ден. Скопје – Белград

Состанок на групата во договореното време и заминување за Белград. Се патува преку граничниот премин Табановце со куси попатни паузи за царински формалности и одмор. Пристигнување во Белград во  претпладневните часови по што следи разгледyвање на градот со локален водич: хотел Москва, Кнез Михајловата улица, Соборната црква, Булеварот на Револуцијата, Калемегдан… Слободно попладне за индивидуални активности. Сместување во хотел. Вечерта организирана посета на национален ресторан во Скадарлија со жива музика и мени со специјалететите на српската кујна. Враќање во хотел. Ноќевање.

2 Ден. Белград – Сремски Карловци - Нови Сад - Белград

Појадок. По појадокот заминување на посета на Нови Сад, оддалечен 90км од Белград со попатна посета на Сремски Карловци. Пристигнување во Сремски Карловци и организирана прошетка низ градот кој некогаш бил седиште на Српската православна црква во периодот на Австро-Унгарија и  политички и културен главен град на Војводина. Организирана посета на винарија Косовиќ во Сремски Карловци со дегустација на сортни вина и закуска. Пристигнување во Нови Сад и разглед на градот со локален водич: Петроварадинската тврдина, Стариот град, Музејот, Црквата Св.Ѓорѓи, куќата на Милева и Алберт Ајнштајн… Слободно време за индивидуални активности. Во попладневните часови враќање во Белград. Ноќевање.

3 Ден. Белград - Скопје

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и заминување за Македонија со попатна посета на Икеа. Патување со куси попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

Дополнителни информации:

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со висоско туристички автобус на наведената релација ;
  • Две ноќевања со појадок во хотел 3*/4* во Белград;
  • Разглед на Белград со локален туристички водич ;
  • Разглед на Нови Сад со локален туристички водич;
  • Посета на национален ресторан во Скадарлија;
  • Посета на Сремски Карловци; Посета на винарија Косовиќ – Сремски Карловци со дегустација на сортни вина и бермет;
  • Придружник – пратител на групата за време на патувањето;
  • Организација и реализација на аранжманот.

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Патничко и здравствено осигурување.

Контактирај нé