Агенда:
07 Септември (Сабота) СКОПЈЕ – ТИРАНА – БАРИ
Состанок на групата на договореното место во 03:00 часот и трансфер до Аеродромот во Тирана. Полетување за Бари во 11:25 и слетување во 12:30 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Разглед на главниот град на регионот Пуља – Бари, чија најпозната знаменитост е базиликата Св. Никола. Во близина се наоѓа и катедралата изградена во византиски стил, а постојат и остатоци од норманската тврдина. Во самиот центар се наоѓаат и театрите Петруцели и Маргерита… Прошетка по Променадата Лунгомаре
Императоре Аугусто, совршено место за уживање во шармот на Бари. Ноќевање.
08 Септември (Недела) БАРИ – МАТЕРА
Појадок. Факултативен излет до бисерот на регионот Базиликата, градот Матера, исклучително живописен град изграден на варовнички карпи полни со подземни ходници и пештери. Поинаква од останатите италијански гратчиња, Матера со својата архитектура, повеќе потсетува на Блискиот исток отколку на Европа. Матера е навистина посебна затоа што значаен дел од градот е вклопен во самите карпи. Разглед на стариот дел од градот, кој е под заштита на УНЕСКО – Саси ди Матера, прошетка по Сасо Барисано со богато украсени портали и Сасо Кавеосо како некој театар, куќи во пештери кои степенасто се спуштаат кон градот. Во текот на разгледот ќе прошетаме по Пјаца Виторио Венето, катедралата , фонтаната на љубовта… Токму поради нејзиниот изглед, многу често се користела како локација за снимање филмови, меѓу кои и Пасија на познатиот глумец и режисер Мел Гибсон. Враќање во Бари во попладневните часови. Ноќевање.
09 Септември (Понеделник) БАРИ – ПОЛИЊАНО А МАРЕ - АЛБЕРОБЕЛО
Појадок. Препорачуваме факултативна посета на Полињано а Маре, за многумина едно од најубавите приморски гратчиња во Пуља. Ова е една од најважните антички населби, а до денес, гратчето успеало да ја задржи автентичноста и шармот. Камените улици, мирните плоштади и мистичните морски пештери даваат посебна магија. Во градот се наоѓа скулптура на кантавторот Доменико Модуњо и скалите Воларе, по неговиот голем хит, кои водат до панорамската точка на карпата од која се пружа прекрасен поглед на градот и плажата. Патувањето продолжува до Алберобело, едно посебно и единствено место со типичните куќи ‘’Trulli‘’ со конусни кровови, без материјал за врзување, исклучиво направени од неправилни парчиња камен. Сместување во хотелот. Шетајќи се низ Алберобело ќе имате чувство како да сте на снимање на некој цртан филм. Шармантното, романтично и единствено место е заштитено од УНЕСКО. Препорачуваме да се изгубите во малите улички и да уживате во привлечниот свет на убавината. Ноќевање.
10 Септември (Вторник) АЛБЕРОБЕЛО – ХОТЕЛ DEI BIZANTINI или ХОТЕЛ GRAND DEI CAVALIERI
Појадок. Организиран превоз до избраниот хотел и сместување. Слободно време за уживање покрај море. Вечера. Ноќевање.
11 – 14 Септември ХОТЕЛ DEI BIZANTINI или ХОТЕЛ GRAND DEI CAVALIERI
Појадок. Слободни денови за уживање на плажа. Вечера. Ноќевање.
15 Септември (Недела) ХОТЕЛ – БРИНДИЗИ - ТИРАНА – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно претпладне за уживање на плажа. Трансфер до Аеродромот во Бриндизи. Полетување за Тирана во 23:05, слетување во 23:55 часот и трансфер до Скопје.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
Хотел Dei Bizantini 3* 949 евра (58.850 денари)
Хотел Grand Hotel dei Cavalieri 4* 1.059 евра (48.175 денари)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Авионски превоз на релација Тирана-Бари-Тирана со вклучени аеродромски такси
– Рачен багаж (1 торба/ранец со димензии 40х30х20cm до 10kg)
– Трансфер на релација Скопје-Тирана-Скопје
– Трансфери на релација Аеродром – Хотел и обратно, како и трансфер од едниот до другиот хотел
– Сместување во Хотел B&B Hotel Bari Rondò 3* во Бари, на база 2 ноќевања со појадок
– Сместување во Хотел Colle Del Sole 4* во Алберобело, на база 1 ноќевање со појадок
– Сместување во Хотел Dei Bizantini 3* во San Pietro in Bevagna, на база 5 полупансиони, појадок и вечера,
со вклучени лежалки на плажата
Или
– Сместување во Хотел Grand Hotel dei Cavalieri 4* во Campomarino di Maruggio, на база 5 полупансиони,
појадок и вечера, со вклучени лежалки на плажата
– Организирани прошетки според програмата
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 55х40х23cm (со максимум 10kg)
– Доплата за куфер за чекирање со максимум 10kg или 20kg
– Туристичка такса (се плаќа во хотелите на рецепција)
– Факултативни излети
– Пешачки разглед на Бари 10 евра
– Матера 45 евра, со вклучен превоз
– Полињано а Маре 45 евра, со вклучен превоз
– Пешачки разглед на Алберобело 10 евра
– Влезници во музеите и културно историските споменици
– Билети за јавен превоз
– Патничко – здравствено осигурување
НАПОМЕНИ: За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
За овој аранжман важат Опшите услови за патување на СКТМ
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето