Не е тешко да се замислиме ова лето во нов, елегантен ресорт со одлична услуга. Сместен покрај
прекрасната плажа, Liu Resorts ги отвора вратите за туристите на кои приоритет им е квалитетот,
услугата, елитниот амбиент и гурманската храна.
Привилегијата за одмор во Liu Resort започнува со стилски дизајнираните соби. Мирните бои,
квалитетните материјали, удобните кревети, погледот на море и пристапот до базените со
луксузни елементи ќе го направат вашиот одмор незаборавен.

Локација
Хотелот се наоѓа во областа Гундоду, на 12 км од Сиде и 48 км од аеродромот во Анталија.

Сместување
Хотелот располага со 400 соби. Сите соби се со приватно купатило со туш, фен, бањарка, влечки,
централна клима која што работи според временските услови, мини бар (секојдневно се полни со
вода и безалкохолни пијалоци), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, ламинатен под, Wi-Fi
интернет, сателитска ТВ со музички канали, балкон.
Делукс соби (25 м², една спална со француски кревет и еден единечен кревет или софа, едно
купатило, макс. 2+1 лице).
Делукс соби со директен пристап на базен (25 м², една спална со француски кревет и еден
единечен кревет или софа, едно купатило, директен пристап на базен, макс. 2+1 лице).
Делукс Лагуна соби (25 м², една спална со француски кревет, едно купатило, макс. 2 лица).
Фамилијарни соби (55 м², две одвоени спални, едно купатило, макс. 4 лица).
Фамилијарни соби со директен пристап на базен (55 м², две спални одвоени со врата, едно
купатило, директен пристап на базен, макс. 4 лица).
Супериор корнер соби (45 м², една спална со француски кревет, едно купатило, макс. 2 лица).
Кралски апартман (180 м², една спална со француски кревет, џакузи во собата, една дневна соба
со дел за седење и трпезариска маса, едно купатило, макс. 2 лица).

Услуга
Ултра Сѐ вклучено шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, утрински и попладневни
закуски, бифе касно навечер, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни
пијалоци, сладолед во одредено време од денот, детско бифе, диететско бифе, свежо цеден сок
од портокал за време на појадок, бар за закуска на плажа, À la carte ресторани со претходна
резервација и еднаш за време на престојот. Не е вклучено: премиум увозни пијалоци, специјални
локални и увозни вина, сите пијалоци во шише и лименка, свежо цедени сокови (освен за појадок),
услуга во соба.

Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la carte ресторани со турска и морска храна, барови низ
хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, фризер, телефон, факс,
интернет катче, продавници, изнајмување кола се со доплата. Wi-Fi интернет е бесплатен.

Плажа
Хотелска песочна плажа, со бесплатни лежалки, чадори и крпи за на плажа.

Спорт и забава
Отворени и затворени базени за деца и возрасни, лизгалици на вода, фитнес центар, турска бања,
суна, парна соба, пинг понг, одбојка н плажа. Со доплата се сите спортови на вода, билијард,
куглање, соба со игри, СПА центар и масажа. Забавни програми во текот на денот, со жива музика
и шоу програми навечер (во одредени денови). Мини клуб за деца од 4-12 години со разни
активности и програми

Галерија

Контактирај нé