Летна Јазична Школа „Учиме Германски“
Едукативен клуб
Е - едукација
С - социјализација
Т - трансформација
СКОПЈЕ – ПРАГА – ДОРТМУНД – УНА – МИНСТЕР – КЕЛН – БУДИМПЕШТА – СКОПЈЕ
09.08.2024 – петок
1 ден – Скопје – Прага
Состанок на групата на договореното место во 11:30 часот и заминување за Прага во 12 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Патот води преку Р. Србија, Р. Унгарија, Р. Словачка и Р. Австрија. Дневно и ноќно патување.
10.08.2024 – сабота
2 ден – Прага
Пристигнување во Прага, Р. Чешка во утринските часови. Разгледување на градот со локален водич и се посетуваат дворецот Храдчани, Карловиот мост, споменикот на Карло четврти, Кралскиот пат, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник-Орлој, црквата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, Националниот музеј, слободно време во центарот на градот. Сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.
11.08.2024 – недела
3 Ден Прага – Дортмунд (Уна)
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и заминување за Уна – Дортмунд, Р.Германија, со попатна посета на еден од најубавите градови во Германија, Дрезден. Организирана ппрошетка низ центарот на градот. Пристигнување во Дортмунд во вечерните часови. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.
12.08.2024 – понеделник
4 Ден Дортмунд – Уна – Дортмунд
Појадок. По појадокот заминување за Уна.
9.30 до 12.30 курс по германски јазик
По часовите враќање во Дортмунд , слободно време , разглед на градот со локален водич и неговите знаменитости. Враќање во хоте, Вечера, Ноќевање.
13.08.2024 – вторник
5 Ден Дортмунд – Уна – Дортмунд
Појадок. По појадокот заминување за Уна.
-9.30 до 12.30 курс по германски јазик
По часовите слободно време , разглед на Уна со локален водич и неговите знаменитости враќање во Дортмунд во хотел,Вечера, Ноќевање.
14.08.2024 – среда
6 Ден Дортмунд – Уна – Минстер – Дортмунд
Појадок. По појадокот заминување за Уна.
-9.30 до 12.30 курс по германски јазик
По часовите се упатуваме кон Минстер.Организиран разглед на градот враќање во Дортмунд во хотел, Вечера, Ноќевање.
15.08.2024 – четврток
7 Ден Дортмунд – Келн – Дортмунд
Појадок. По појадокот заминување за Келн.
Пристигнување во Келн околу пладне. Организиран разглед на градот и неговите знаменитости. Враќање во Дортмунд во хотел, Вечера, Ноќевање.
16.08.2024 – петок
8 Ден Дортмунд – Уна – Будимпешта
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и заминување за Уна со јавен транспорт(воз).
-9.30 до 12.30 курс по германски јазик.
Во попладневните часови поаѓање за Будимпешта.Ноќно возење
17.08.2024 – сабота
9 Ден Будимпешта
Пристигнување во Будимпешта во претпладневните часови. Разгледyвање на градот со локален водич: Плоштадот на Хероите, Парламентот, улиците Андраши и Ракочи, катедралата Св.Стефан, мостовите на Дунав, Кралската палата, Цитаделата, Рибарската тврдина, улицата Ваци која завршува со познатата слаткарницата Жербо. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Вечера. Ноќевање.
18.08.2024 – недела
10 ден Будимпешта – Скопје
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и заминување за Скопје.Пристигнување во Скопје во Вечерните часови
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 44.500,00 денари
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги
*Превоз со модерен високо туристички автобус на дадената релација;
*5 ноќевања во хотел А&O Dortmunt Hauptbanhnof на база полупансион (појадок и вечера);
*Организиран разглед по програма;
*1 ноќевање во хотел со 3* во Будимпешта на база полупансион (појадок и вечера);
*1 ноќевање во хотел со 3* во Прага на база полупансион (појадок и вечера)
*Патничко и здравствено осигурување без франшиза ;
*Туристички пратител за времетраењето на патувањето ;
*Организација и реализација на патувањето;
Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги
*Влезници за културнио историски споменици;
*Други трошоци неспомемати во програмата