ПОЛОЖБА: 
Хотелот Tино Св.Стефан се наоѓа во туристичката населба Свети Стефан на 6 км оддалеченост од центарот на градот, на регионалниот пат Охрид – Св.Наум. Хотелскиот комплекс се наоѓа во бескрајна зелена шума на националниот парк Галичица. Оваа локација ви дава можност да поминете незаборавен одмор во стилот на модерното опкружување.

СМЕСТУВАЊЕ:
Хотелот во својот сместувачки капацитет располага со луксузни соби. Сите соби имаат LCD телевизор со кабловска телевизија, телефон, WI-FI, бања, мини бар, услуга во соба. Располага со сопствен паркинг кој е бесплатен за гостите на хотелот.Собите во хотелот се реновирани во 2020 год.

УСЛУГА:
Хотелот нуди услуга на ББ сервис ( вклучен доручек ), ХБ сервис ( вклучен доручек и вечера ), ФБ сервис ( вклучен доручек, ручек, вечера ).

СОДРЖИНА:
Главен ресторан, лоби бар, бар на базен, два базени еден внатрешен еден надворешен, телефон, интернет, рент а кар, wi – fi интернет во целиот објект, организација на различни екскурзии во соработка со нашата агенција. Одличен ресторан со прекрасен поглед кон Охридското езеро. Одлична семинарска салa за одлично организирани настани.

ПЛАЖА:
Плажата Св.Стефан од хотелот е одалечена само 200м. Песочна и камчеста плажа. До плажата се оди преку пат. Лежалките и чадорите околу базенот се бесплатни.

СПОРТ И ЗАБАВА: 
Хотелот располага со одличен базен, има детско игралиште. Хотелот е одличен хотелски сместувачки објект, за прекрасен одмор.

 

Во апартманите е потребно минимум 3 full paying лица (ако има 4 возрасни лицa важи 4 full paying)

Услуги вклучени во цените:
користење на внатрешен базен, детски базен, спа центар со џакузи, сауна и парна бања, детско игралиште, пинг понг маса, конференциски сали (за настани), Wi-Fi

Галерија

Зафатеност \ Тип на сместувањеПолупансион
Мај 2021Јуни-Август 2021
Еднокреветна соба42€49€
Еднокреветна соба со поглед на езеро45€52€
Стандардна Двокреветна соба (цена по лице)30€35€
Двокреветна соба со поглед на езеро (цена по лице)32€37€
Апартман (цена по лице)35€39€
Дете 0-5.99 години (без дополнително легло и без вечера, доплата за вечера 3 евра по дете)//
Дете 6-11.99 години (вклучено дополнително легло и вечера)10€10€

Услуги со доплата:
соба за забава (билјард, фудбалче, пикадо); масажи, третмани и солариум.
Доплата од 40 денари по лице по ден за туристичка такса.


Дополнителни информации:

ИНФОРМАЦИИ ЗА ЦЕНИТЕ:

  • Собите се достапни по добиено барање
  • Политика на отказ на резервацијата: до 7 денови – бесплатно; помалку од 7 денови 50%, еден ден пред доаѓање 100%

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:

Цените се изразени во евра со денарски курс од 62.00 денари.
Авансно плаќање по фактура.

ОПШТИ УСЛОВИ:

  • За програмата важат Опшите Услови за патување на СКТМ.
  • Организатор на патувањето е Дрим Травел и Турс ДООЕЛ Скопје.
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
  • Организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот како резултат на пандемија без рефундација, но со можност за издавање на ваучер кој клиентите ќе го искористат во следниот период согласно моменталните услови.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на хотелот.
  • Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Контактирај нé