Вилата ГАЛИНИ се наоѓа на сама плажа во Калитеа. Располага со сопствена плажа, лежалки и чадор за секоја соба. Сите соби се со поглед на море. Вилата располага со безжичен интернет со брзина вообичаена за грчките конекции. Вилата се состои од два блока, првиот блок „Б” е со трокреветни студиjа, вториот блок „А“ е со двокреветни студија. Секоја соба има мини вц со туш, мини кујна, со решо,  кујнски инвентар, фрижидер, тв, клима  и тераси. Вилата е со скромен квалитет, идеална за луѓе кои сакаат мирен одмор и сместување на сама плажа. Истата е од “Ц„ категорија. Туристичката такса се плаќа во агенција, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман (220 мкд за престој од 7 дена).

GPS координати: 40.072777, 23.451852

40°04’22.0″N 23°27’06.7″E

Галерија

Цена за НАЕМ на студио за 7 ноќевања

ТЕРМИННАЕМ1/2 студио1/3 студио
23.057 ноќи139 €149 €
30.057 ноќи149 €159 €
06.067 ноќи209 €219 €
13.067 ноќи269 €279 €
20.067 ноќи289 €299 €
27.067 ноќи339 €349 €
04.077 ноќи389 €399 €
11.077 ноќи399 €429 €
18.077 ноќи399 €429 €
25.077 ноќи399 €429 €
01.087 ноќи399 €429 €
08.087 ноќи399 €429 €
15.087 ноќи399 €419 €
22.087 ноќи329 €339 €
29.087 ноќи299 €309 €
05.097 ноќи239 €259 €
12.097 ноќи159 €179 €
19.097 ноќи119 €139 €

Дополнителни информации:

НАПОМЕНИ:

  • ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања
  • Доплата за туристичка такса 0,50 евра по студио/апартман на ден се плаќа во објектот
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети.
  • Над дозволениот број, може, на  дополнително барање (одобрување) да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со двајца возрасни
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
  • За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин, попустот важи само на редовни цени.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето
  • Сместување во собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот
  • Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
  • По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата
  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој
  • Секој патник има  обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата
  • Во услови на Ковид 19, превозот ќе се организира и реализира согласно актуелните мерки и протоколи за вршење на внатрешен и меѓународен превоз.
  • За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • При влез во автобус задолжително е мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај.
  • За време на патувањето во автобус задолжително е носење заштитна маска со која се покрива устата и носот
  • Патниците за време на патувањето се должни да ги почитуваат во целост актуелните мерки за претпазливост и безбедност како и инструкциите од пратителот на патувањето.

Цена за превоз:

  • Превоз за возрасен 35€ / Еден правец 25€
  • деца до 12 години 25 евра / Еден правец 20 евра.
  • Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

Место и време на поаѓање:
– Скопје 04.00 ч. Холидеј Ин
– Велес 04.30 ч. бензинска пумпа Мак Оил (Мотел Македонија)
– Неготино 05.00 ч. бензинска пумпа Макпетрол
– Смоквица 05.30 ч. бензинска пумпа BWO петрол
– Гевгелија 06.00 ч. бензинска пумпа Шимов или граничен премин

  • Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време.
  • Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

Контактирај нé