. На нашата листа на дестинации го имаме ИПСОС, дестнација за која држиме рекорден број на патници! Годинава Ипсос уште подобар преку наша организација. За оние коишто за првпат ќе се одлучат да летуваат на ова дестинација, треба да знаат дека Ипсос се наоѓа северно од Дасија, на околу 15 километри од градот Крф. Омилено место за младите во јули и август, а најпосетено од повозрасните во јуни и септември. Добриот ноќен живот и забава, многубројните кафулиња, таверни и продавници, го прават ова место идеално за летување за сите генерации. Долгата плажа која брои околу 1600 метри од ситни каменчиња надвор и чист песок во солената јонска чиста вода придонесува за тотално уживање. Овој дел од островот нуди убав поглед кон копното на Грција, брегот на Албанија и околните ридчиња со маслинови дрвја и највисокиот врв на Крф- Пантократор. Причината поради која Ипсос го посетуваат голем број на туристи е евтината цена на угостителските услуги, како и производите коишто може да се купат во АБ супермаркетот или околните продавници.

. На нашата листа на дестинации го имаме ИПСОС, дестнација за која држиме рекорден број на патници! Годинава Ипсос уште подобар преку наша организација. За оние коишто за првпат ќе се одлучат да летуваат на ова дестинација, треба да знаат дека Ипсос се наоѓа северно од Дасија, на околу 15 километри од градот Крф. Омилено место за младите во јули и август, а најпосетено од повозрасните во јуни и септември. Добриот ноќен живот и забава, многубројните кафулиња, таверни и продавници, го прават ова место идеално за летување за сите генерации. Долгата плажа која брои околу 1600 метри од ситни каменчиња надвор и чист песок во солената јонска чиста вода придонесува за тотално уживање. Овој дел од островот нуди убав поглед кон копното на Грција, брегот на Албанија и околните ридчиња со маслинови дрвја и највисокиот врв на Крф- Пантократор. Причината поради која Ипсос го посетуваат голем број на туристи е евтината цена на угостителските услуги, како и производите коишто може да се купат во АБ супермаркетот или околните продавници.

Агенда:

ПРВ ДЕН - (Поаѓање) ПЕТОК

Состанок во вечерните часови на ден пред почеток на аранжманот односно секој петок. Поаѓање кон Остроф Крф со попатни паузи и царински формалности. Предвидено е пристигнување во утринските часови во Ипсос.

Сместување во вилата е после 14:00 часот по локално време.

ВТОР-СЕДМИ ДЕН (Престој)

Во наредните 7 дена предвидени се факултативни посети на Град Крф, Тура Север, Плажа Глифада, Крстарње со брод и крстарње до Паксос и Антипаксос.

За посета на овие факултативни излети програмата ја добивате од нашиот локален водич првиот ден од кога ќе пристигнете на островот.

ОСМИ ДЕН - (Враќање)

Одјавување од собите до 09:00 часот по локално време. Слободно време за индивидуална прошетка во Ипсос. Предвидено поаѓање кон Македонија во предпладневните часови.

Сместување - Вила Зевс со приватен базенВила Зевс се наоѓа на околу 500 метри од плажа. Сместена во мирен амбиент во доста мирен дел од Пирги (Ипсос). Пред вилата се наоѓа реконструирано спортско игралиште, зад вилата се наоѓа преубав ридски предел покриен со маслинови дрвца, а недалеку од вилата се наоѓа продавница која работи до доцните вечерни часови. Овој комплекс се состои од две згради, сместени во прекрасно уреден двор од медитерански карактер каде е изграден луксузен базен со бар и лежалки достапен за користење за патниците сместени во вилата. Објектот е составен од двокреветни и трокреветни студиа. Студиата располагаат со мини кујна опремена со решо за готвење. Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења. Студиата се опремени со телевизор, бежичен интернет чива јачината на сигналот, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и опреретеноста на мрежата. Студиата располагаат и со клима уред која може да се користи со дополнителна наплата од 5 евра на ден која цена се уплаќа во самата вила. Студиата се на приземје и прв спрат. Студиата на приземје и на спрат располагаат со убави тераси коишто се преградени и кои нудат убав поглед кон спортско игралиште со изгрејсоце и кон дворот (внатрешната страна). Во самиот двор има место за складирање багаж, кадешто патниците ќе можат првиот и последниот ден да го оставаат својот багаж, како и тоалет. Студиата се чистат пред влегување на нова група патници, а за време на престојот патниците се задолжени за оддржување на хигиената. По самото реновирање на студиата, сопствениците водат грижа за штетата нанесена од патниците, со тоа што доколку истата е констатирана се наплаќа на лице место од џебот на патникот.

Вила Зевс се наоѓа на околу 500 метри од плажа. Сместена во мирен амбиент во доста мирен дел од Пирги (Ипсос). Пред вилата се наоѓа реконструирано спортско игралиште, зад вилата се наоѓа преубав ридски предел покриен со маслинови дрвца, а недалеку од вилата се наоѓа продавница која работи до доцните вечерни часови. Овој комплекс се состои од две згради, сместени во прекрасно уреден двор од медитерански карактер каде е изграден луксузен базен со бар и лежалки достапен за користење за патниците сместени во вилата. Објектот е составен од двокреветни и трокреветни студиа. Студиата располагаат со мини кујна опремена со решо за готвење. Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења. Студиата се опремени со телевизор, бежичен интернет чива јачината на сигналот, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и опреретеноста на мрежата. Студиата располагаат и со клима уред која може да се користи со дополнителна наплата од 5 евра на ден која цена се уплаќа во самата вила. Студиата се на приземје и прв спрат. Студиата на приземје и на спрат располагаат со убави тераси коишто се преградени и кои нудат убав поглед кон спортско игралиште со изгрејсоце и кон дворот (внатрешната страна). Во самиот двор има место за складирање багаж, кадешто патниците ќе можат првиот и последниот ден да го оставаат својот багаж, како и тоалет. Студиата се чистат пред влегување на нова група патници, а за време на престојот патниците се задолжени за оддржување на хигиената. По самото реновирање на студиата, сопствениците водат грижа за штетата нанесена од патниците, со тоа што доколку истата е констатирана се наплаќа на лице место од џебот на патникот.

Галерија

ТерминиРедовна ценаПромо цена
29.05-05.06129e109e

 

05.06-12.06139e118e

 

12.06-19.06149e126e
19.06-26.06159e135e
26.06-03.07169e143e
03.07-10.07179e152e
10.07-17.07199e189e
17.07-24.07219e186e
24.07-31.07235e199e
31.07-07.08235e199e
07.08-14.08235e199e
14.08-21.08235e199e
21.08-28.08209e177e
28.08-04.09179e152e
04.09-11.09149e126e
11.09-18.09139e118e
18.09-25.09129e109e
25.09-02.10119e101e

Дополнителни информации:

Важно

  • CHECK IN: ОД 14:00 ДО 16:00
    CHECK OUT: ОД 07:00 ДО 09:00
  • Грчки стандард за брачен кревет 160-180cm
  • Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
  • Ваучерите за рана резервација се користат исклучиво од лицата кои имаат склучено договор за патување со нашата агенција.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Дете од 0 до 3,99 години не плаќа за сместувањето и спие во кревет со еден од возрасните
  • Дете од 4 до 11,99 години кое користи сопствен лежај има 50% попуст (се однесува само на еден кревет во студиото)
  • Дете од 4 до 11,99 години кое го дели креветот со возрасен го плаќа само превозот 55 евра
  • Две деца од 2 до 12 години кои делат кревет имаат попуст од 50%
  • Цените во табелата се изразени по лице за 7 ноќевања,
  • Доколку сакате да споите термин а термините се означени со ПРОМО, не се одбива за превоз на вториот термин без разлика дали користите превоз,
  • За сингл соба се доплаќа плус 50% од редовната цена поради вториот кревет,
  • Поаѓањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата,
  • Седиштата се нумерирани и секој патник седи според бројот на уплата, доколку сакате да селектирате седиште истото се доплаќа 15 евра од седиште.
  • За сопствен превоз се одземаат 10 евра од цената на понудата.
  • За оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА Т.А Дрим Холидејс

Што е вклучено во цената

  • 7 ноќевања – 8 дена на Ипсос, Крф
  • Автобуски превоз на релација Скопје – Крф – Скопје
  • туристички пратител за време на патувањето и престојот на Ипсос

Што не е вклучено во цената

НАПОМЕНА: Патниците коишто патуваат со организиран превоз задолжително треба да доплатат за билет за траект на релација Игуменица- Крф- Игуменица кој изнесува 15 – 30 евра чекаме официјална потврда на цените од траект компаниите ! Билетот е за во два правци.

Факултативни излети

ГРАД КРФ

Разглед на градот Крф – Турата вклучува автобуски превоз од и до градот Крф. За време на патувањето до градот, водичот ги запознава патниците со историјата и најважните информации за островот, сите оние детали кои се најважни за местото. По пристигнувањето во градот, групата има слободно време за прошетка, шопинг, кафе до договореното време кога се враќа во Ипсос.

Крф е познат по специфичната архитектура, што е најзабележливо гледајќи го Листон – колонада преполна со кафулиња што се протега по самиот раб на Спинадата (плоштадот), парк со терен за крикет, неколку павиљони како и градското собрание. Неодамна реновираната палата на св. Михаил и Ѓорѓи која била дом на Британскиот гувернер, седиштето на Јонскиот сенат, како и родното место на Војводата од Единбург. Повеќе пати освојуван од разни култури, најмногу европски. Затоа може да кажеме дека овој прекрасен град пред се има шмек на Лондон, Париз и Венеција.

ТУРА НА СЕВЕР

Целодневен излет со автобус. Групата ги посетува најпопуларните туристички дестинации во Палеокастрица и Сидари: фабриката за производство на ликери и локални слатки од традиционалното овошје кумкуат, Мавроматис, плажата Палеокастрица со манастирот Богородица, се оди до највисоката достапна точка каде се гледа цела Палеокастрица, буквално најубавиот поглед на цел остров, Сидари, град познат по тунелот на љубовта.

ПЛАЖА ГЛИФАДА

Целодневен излет на песочната плажа Глифада. Ден за сончање, капење и уживање во убавините на природата.

Долга, песочна и организирана плажа што ќе ве освои ова лето со својата природна убавина како и преубавиот поглед кој завршува во недоглед, таму некаде на последната линија од хоризонтот. Плажа за сечиј вкус каде што секој ќе може да ужива во преубавите кафулиња, таверни, водени спортови како и во помирниот дел кој што е наменет за апсолутна релаксација.

КРСТАРЕЊЕ СО БРОД

Целодневно крстарење со вклучен ручек. Групата се чека на пристаништето во Ипсос. Крстарење по североисточниот дел на островот се до градчето Касиопи. Попатни застанувања за капење на прекрасна дива плажа, каде и се прави пауза за ручек сервирана од капетанот на бродот. Во ручекот е вклучено: свинска кременадла, колбас, грчка салата, леб и неограничено пиење на вода, сок, црвено или бело вино. По ручекот групата се упатува кон Касиопи каде има слободно време за прошетка, плажа и кафе. На враќање повторно се застанува до уште една плажа за капење и пештера. Враќање во Ипсос некаде околу 17 часот.

КРСТАРЕЊЕ ДО ПАКСОС И АНТИПАКСОС

Овој летен рај се наоѓа на речиси ненаселеното островче Антипаксос, а две плажи посебно се издвојуваат со својата убавина и кристално чиста вода. Паксос е остров кој се наоѓа на 14 км јужно од Крф и 20 км западно од Парга. Паксос зафаќа површина од 19 квадратни километри и е еден кластер на острови во Јонското море. Овој прекрасен остров нема аеродром и до него може да се пристигне само со фериброд и поради тоа е во состојба да се заштити од напорот на модерниот туризам. Паксос е остров со бескрајни маслинови градини а на Антипаксос се насади од винова лоза.

Овој брод за крстарење ќе ве однесе до прекрасните острови Паксос и Антипаксос, два острова кои изобилуваат со бујно зеленило и егзотична вода. Отпловување од пристаништето на Крф каде што се пружа единствен поглед на стариот град со венецијанска архитектура и двете тврдини. Се плови кон јужниот дел на островот при што се приоѓа на зелениот остров на Паксос, покриен со маслинови и зимзелени дрва. Посета на Сините Пештери на Паксос. Бродот влегува во овие пештери и може да се направат прекрасни фотографии. По Сините Пештери, се продолжува кон малиот остров Антипаксос. Прекрасна можност за пливање, уживање во песочните плажи на Антипаксос  и релаксирање под топлото сонце.

Контактирај нé