ВИЛА ХРИСТОС (Christos rooms) се наоѓа на околу 50 метри од плажа. Распoлага со трокреветни студија и петокреветни / шестокреветни апартмани и дуплекс апартмани сите лоцирани на втори кат. Секое студио/апартман има балкон, комплет опремена кујна со фрижидер, бања, ТВ, клима (се доплаќа 5евра на ден) и Wi-Fi. Сместувањето е Б категорија. Опис: Студио – една просторија со кујна, брачен и единечен кревет. Апартман – две простории од кои во едната има кујна и брачен кревет и втората просторија во која има брачен и единечен кревет. Дуплекс апартман – со три простории, една спална со два брачни кревети, втора спална со брачен и единечен кревет и посебно кујна.

39°58’44.3″N 22°38’41.1″E

39.978959, 22.644740

Галерија

ТерминНоќевањаЦена за наем на студио / апартман
1/2 студио1/3 студио1/5 апартман1/5 дуплекс
23.05.20217 ноќи70 80 150 160
30.05.20217 ноќи100 110 170 190
06.06.20217 ноќи140 150 220 250
13.06.20217 ноќи200210 300 330
20.06.20217 ноќи240250 370 390
27.06.20217 ноќи250 260 400 €430 €
04.07.20217 ноќи260 280 €430 €450 €
11.07.20217 ноќи280 300 €450 €480
18.07.20217 ноќи300 320 490 €520 €
25.07.20217 ноќи300 320 490 €520 €
01.08.20217 ноќи300 320 €490 €520 €
08.08.20217 ноќи300 320 €490 €520 €
15.08.20217 ноќи300320490 €520
22.08.20217 ноќи280 300 430 €450 €
29.08.20217 ноќи240250 350 390
05.09.20217 ноќи220240 290 330
12.09.20217 ноќи170180 210 250
19.09.20217 ноќи100110 170 200
26.09.20217 ноќи80 €80 120 150

Дополнителни информации:

НАПОМЕНИ:

  • ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања
  • Доплата за туристичка такса 0,50 евра по студио/апартман на ден се плаќа во објектот
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети.
  • Над дозволениот број, може, на  дополнително барање (одобрување) да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со двајца возрасни
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
  • За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин, попустот важи само на редовни цени.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето
  • Сместување во собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот
  • Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
  • По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата
  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој
  • Секој патник има  обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата
  • Во услови на Ковид 19, превозот ќе се организира и реализира согласно актуелните мерки и протоколи за вршење на внатрешен и меѓународен превоз.
  • За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • При влез во автобус задолжително е мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај.
  • За време на патувањето во автобус задолжително е носење заштитна маска со која се покрива устата и носот
  • Патниците за време на патувањето се должни да ги почитуваат во целост актуелните мерки за претпазливост и безбедност како и инструкциите од пратителот на патувањето.

Цена за превоз:

  • Превоз за возрасен 35€ / Еден правец 25€
  • деца до 12 години 25 евра / Еден правец 20 евра.
  • Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

Место и време на поаѓање:

– Скопје 04.00 ч. Холидеј Ин
– Велес 04.30 ч. бензинска пумпа Мак Оил (Мотел Македонија)
– Неготино 05.00 ч. бензинска пумпа Макпетрол
– Смоквица 05.30 ч. бензинска пумпа BWO петрол
– Гевгелија 06.00 ч. бензинска пумпа Шимов или граничен премин

  • Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време.
  • Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

Контактирај нé