ОПИС НА ОБЈЕКТОТ :

Вила Natassa Valentino. Една од најпопуларните вили во Полихрон, сместенa на  90 метри од плажа и на 800 метри до центарот на градот. Погодна за семејства со деца. Прекрасен зелен двор со лежалки, маси, играчки за деца, гарнитура за седење, скара, како и заграден паркинг исклучиво за гостите на вилата.

Сместувачките единици на овој објект, се состојат од класични апартмани  1/3 + 1 и 1/4 дуплекс. Апартманите 1/3 + 1 се сместени на сутерен, прв и на втор спрат. 1/4 дуплексите се сместени на сутерен. Сите апартмани во вилата имаат купатило, ТВ, клима, Wi-Fi (вклучени во цената), кафемати, комарници, бебешко креветче (по потреба).

ОПИС НА АПАРТМАНИТЕ:
1/3 +1 АПП: се наоѓаат на сутерн и прв спрат. Составени се од комплет опремена кујна (на сутерен се со шпорет и комбиниран фрижидер), кревет на развлекување погоден за 1 возрасен и 1 дете, спална соба од која се излегува на пространа тераса, се наоѓаат два стандардни кревети, купатило,ТВ, клима Wi-Fi (вклучени во цената), кафемат, комарник, тераси на предната и задната страна …
(можност за сместување на 3 возрасни и 1дете до 12 г. ).

1/4 дуплекс: се наоѓа на сутерн. Составен е од две одвоени спални соби (едната со француски лежај, а другата со два стандардни кревети), кујна, Wi-Fi (вклучени во цената), кафемат, комарник, тераси на предната и задната страна .
(можност за сместување на 4 возрасни)

Сутерен (бр. 1 , 2 , 3)

бр.1 спална + 2 посебни кревети (Д)
бр.2 спална + 1 на развлекување (А)
бр.3 спална + 1 на развлекување (A)

I спрат (бр. 4,5)

2 апартмани 1/3+1 – две тераси (напред и назад)
бр.4 спална со 2 оделни кревети+ 1 на развлекување (А)
бр.5 спална со 2 оделни кревети+ 1 на развлекување (А)

ЛОКАЦИЈА: GPS  40.020721,23.519095

Одалеченост:
Солунски аеродром: 87км
Ханиоти: 5км
Пефкори: 9км
Калитеа: 11км
Центар на Полихроно 800м
Организирана плажа со лежалки, кафе / пијалоци и водни спортови: 150 метри (пеш) !!!

Check in:   14:00h.
Check out: 09:00h.

За хигиената на апартманите, секој гостин се  грижи за својот апартман. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место. Вилата се смета за една од нај одржуваните , затоа да бидеме добри гости. Апартманите не поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.
Топлината која ја има вилата и самиот амбиент во неа, дава слика како да е една кука за големо друштво или голема фамилија, затоа и самите балкони едни од други не се физички оделени. И како што им кажуваме на сите наши гости … сакаме да ги третираме сите  како наши пријатели и семејство, нормално и тие да се чуствуваат така мегу себе.
Дворот е посебна приказна за добра денска или нокна седенка, прекрасната трева, палмите и сите додатни елемнти вонего, даваат можност за секој гостин вонего да го најди својот мир. Двор во кои ке можат сите од деца до родители да уживаат вонего. Секако колку што е грижата на градинарот ,треба и да биде и грижа на секој гостин да ја задржи таа убавина. Најмаладите можат да уживаат во многубројните играчки , возрасните дружење  покрај скарата.

Галерија

ПериодНоќ.1/3 апп1/3+1 апп1/4  дупл.Коментар
23.05-30.057101€111€121 €промо
30.05-06.067123€133€143€промо
06.06-13.067163€173€203€
13.06-20.067243€263€293€
20.06-27.067303€333€373€
27.06-04.077353€363€393€
04.07-11.077363€383€403€
11.07-18.077393€403€443€
18.07-25.077433€443€473€
25.07-01.087433€443€473€
01.08-08.087433€443€473€
08.08-15.087433€443€473€
15.08-22.087433€443€473€
22.08-29.087389€403€433€
29.08-05.097353€373€389€
05.09-12.097263€283€303€
12.09-19.097123€133€143€промо
19.09-26.097101€111€121€промо

Плаќањето е во денарска противвредност   1 Евро = 62 денари.

На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација.
При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.


Дополнителни информации:

Во цената е вклучено:

  • Ноќевање,
  • клима уред
  • wi-fi,
  • паркинг.

Во цената не е вклучено:

  • Превоз,
  • патничко осигурување,
  • туристичка такса 0,50 еур на ден (се плака во агенцијата)

Време на поаѓање и цена за превоз од Битола за Халкидики:

  • 04:00 h Битола ( Автобуска станица Транскоп -на перо) – 35€ по лице
  • 03:15 h Прилеп (бензинска пумпа Салида) -Трансфер до Битола – 35€ по лице
  • 15 h Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола – 40€ по лице
  • 02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола – 45€ по лице
  • 02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола – 40€ по лице
  • 15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола – 40€ по лице

Време на поаѓање и цена за превоз од Скопје за Халкидики (секоја Недела):

  • 04:00 h Скопје (Дрводекор) – 35€ по лице
  • 04:30 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) –35€ по лице
  • h Куманово (бензинска пумпа,Макпетрол)-40€ по лице
  • 03:40 h Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес– 45€ по лице
  • 05:00 h Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35€ по лице
  • 05:00 h Струмица (бензинска пумпа Макпетрол нов кружен тек) Трансфер до Удово –45€ по лице
  • 05:40 h Удово (бензинска пумпа, Удово) – 35€ по лице
  • 06:00 h Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 35€ по лице
  • Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10 Евра од редовната цена за Скопјеи, Битола и Прилеп
  • Деца до 1,99 години бесплатно

Т.А. Дрим Холидејс го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во  во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70% 

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

  • За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст на вториот термин,
  • Попустите не може да се комбинираат,
  • Во АПП е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),
  • Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
  • При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената.По завршување на Вашето летување, должни сте апартманот да го оставите во пристојна(чиста) состојба.
  • Во случај на причинета штета за време на престојот,корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место
  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
  • Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. Дрим Холидејс.

Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

Предлог посета на места

Доколку сакате да уживате во убавините на белата песок, мирното море и денските забави на само 30km од Полихроно се наоѓа Sani Beach, плажа со бел песок и мирис на борови кои ги негува сите сетила. Се работи за одлично организирана плажа, која неколку пати добивала „сино знаменце“. Многу често, на оваа плажа се организираат забави со познати диџеи. А доколку сакате да уживате во Карипски стил на само 6km од Полихроно се наоѓа, плажата Molos Beach Bar во Ханиоти. Опкружен со зеленило и убаво уреден парк, одличен е за активности на отворено како и терен за тенис и фудбал. Плажа има обезбеден паркин, гардероба и тоалет. Песочна плажа со чиста водата, уредена со лежалки и чадори за сонце. Во текот на сезоната, барот е исполнет нон стоп, посебно во времето на викендите. Ако сакате да го почуствувате Африканскиот стил тогаш Elephnat Beach Bar во Пефкохори е идеалното место за вас. Од Полихроно е одалечено 10km. Elephnat Beach Bar e една од најпопуларните плажи на Халкидики. Етничката декорација со удобни дрвени лежалки и перници ги замаглуваат очите уште од првиот момент, а во комбинација со сините води создаваат посебно чувство. Преубаво кафе, врвни освежувачки коктели и вкусни закуски се некои од опциите што ги нуди. Исто тука се наоѓа и уште еден прекрасен бар Umbrellas Beach Bar . А во непосредна нивна близина, а од Полихроно одалечено 15km се наоѓа Cabana Beach Bar во Палиури. Кристално чистa водa и сертифицирани академии за нуркање, плишани перници и позитивни вибрации се дел од имотот на Cabana Beach Bar. Тоа е место за убаво летно расположение и незаборавно искуство на плажа.
За младите кои што сакаат ноќни забави на 10km од Полихроно се наоѓаат најдобрите летни ноќни клубови во пошироката област на Халкидики, Night Club Pearl и Ahoy Summer Night Club. Ветуваат незаборавни ноќи за време на Вашиот престој на Халкидики. Меѓународните и Грчките хитови за денс музика ветуваат врвна забава која трае до утрото. Влезницата е 10€.
Исто така не пропуштајте да го посетите најубавото гратче на Халкидики- Афитос, кое е одалечено 14km од Полихроно. Афитос се разликува пo својата архитектура, камените куќи, неколкуте цркви, традиционалните таверни и улиците со калдрма.

Нашата желба и среќа е секој наш гостин да има мирен и убав одмор.

Контактирај нé