ХУНГАРОРИНГ- ФОРМУЛА 1 – БУДИМПЕШТА

Цена:
31,000 MKD
Од:
23/07/2026
До:
27/07/2026

1 ДЕН 23.07.2026 четврток СКОПЈЕ-БУДИМПЕШТА

Состанок на групата во 19:00 часот. Поаѓање во 19:30 часот. Ноќно возење преку Р.Србија, со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ДЕН 24.07.2026 петок  ХУНГАРОРИНГ ПАТЕКА – БУДИМПЕШТА

Пристигнување на патеката Хунгароринг во близината на Будимпешта. По пристигнувањето во утринските часови,присуство на првиот  и вториот тренинг. По завршувањето на тренингот се упатуваме кон хотел . Сместување. Ноќевање.

3 ДЕН 25.07.2026 сабота БУДИМПЕШТА – ХУНГАРОРИНГ ПАТЕКА – БУДИМПЕШТА

Појадок. По појадокот, заминување кон Хунгароринг за присуство на третиот тренинг  и квалификациите за главната трка . Вечерта можност за факултативно крстарење со брод по реката Дунав со локален водич, каде ке има имате можност да го видите и почувствувате еден од најубаво осветлените градови во Европа и да се запознаете со сите негови главни знаменитости како: мостовите на Дунав, Цитаделата ,Рибарската тврдина, Парламентот…… Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ДЕН 26.07.2026 недела БУДИМПЕШТА – ХУНГАРОРИНГ ПАТЕКА – СКОПЈЕ

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и заминување кон Хунгароринг патеката,слободно време за забава, посета на фан зоните и присуство на главниот настан Трката за големата награда на Унгарија . Поаѓање за Скопје по завршувањето на трката.

5 ДЕН 27.07.2026 понеделник СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

Цена  31.000 денари

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со модерен високотуристички автобус;
  • Сместување во хотел “  City  Budget hotel” 3*  на база 2 ноќевања со појадок;
  • Тридневна карта за тренинг, квалификации и главна трка за Големата награда на Унгарија на трибина Chicane 1 (билетите се со нумерирани седишта);
  • Лиценциран туристички пратител за времетраење на аранжманот;
  • Организација и реализација на аранжманот.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Крстарење со брод по Дунав (со локален водич) 25 евра;
  • Патничко и здравствено осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба 4500,00

НАПОМЕНА:

Програмата е правена согласно моменталната официјална програма и саатници на F1, доколку има промена од нивна страна и нашата програма ке претрпи измени.

Галерија

Цена на аранжманот:
31,000 MKD

Контактирај нé